Сопругот на пејачката Мараја Кери, Ник Кенон, открил дека нивните близнаци, кои немаат ниту по една година, обожаваат да пеат. Гордиот татко изјавил дека Морокан и Монро веќе почнале да се огледуваат на својата мајка. Тој рекол дека обожаваат да зборуваат и да пеат, а и позитивно реагирале на нивната музика.
Домаќинот на емисијата “America’s Got Talent” неодамна истакнал дека е среќен што неговата операција на бубрегот завршила добро, па можел повторно да биде покрај своите деца. Рекол дека води здрав живот и дека спиел најмалку по пет до шест часа секоја ноќ. Најважно му било да биде покрај своето семејство.