Лекарот конрад Мареј со сити сили се обидува да му докаже на судот дека не е крив за смртта на Мајкл Џексон. Тој наводно планира да ги повика децата на Мајкл, Принц Мајкл и Парис да сведочат во негова корист. На судот сака да му докаже дека нивниот татко бил зависен од лекарствата.
Мајката на покојниот крал на попот, Кетрин Џексон е уверена дека Конрад е виновен за смртта на нејзиниот син. Таа мисли дека можел да ја спречи неговата смрт, бидејќи него токму тоа и му било работа.