Децата на Мајкл Џексон –  Prince, Paris и Blanket одлучија да ги следат стапките на својот татко и да запливаат во водите на шоубизнисот. Тие своите гласови ќе ги позајмат на ликовите од цртан филм кој ќе се емитува на телевизија во САД.

Цртанот кој ќе биде синхронизиран со нивните гласови е еден од најпознатите цртани серијали во Јапонија, тој бил одбран од нивна страна.
Paris го нема талентот за пеење на својот татко но добро глуми, па овој проект ќе биде добар почеток за понатамошна актерска кариера” пишува The Sun.