Децата на Мајкл Џексон застанале во одбрана на лекарот Конрад Мареј на кој му се суди за убиство од невнимание на нивниот татко. Поранешната дадилка во куќата на Мајкл на полицијата и изјавила дека лекарот редовно го посетувал познатиот пејач додека живеел во Лас Вегас, и тоа два пати во неделата. Таа додала дека Мајкл секогаш пред децата зборувал за лекарот кој се грижел за неговото здравје. Според неа, тоа било причината поради која децата на судењето му давале целосна поддршка на лекарот.


Децата изјавиле дека нема шанси нивниот татко да починал од срцев удар, бидејќи лекарот Мареј бил најдобриот лекар на светот. И самиот Мареј се изјаснил дека не е виновен по обвинението за кое го товарел судот. Сведоците на обивнителот тврдат дека тој не постапил по прописите на лекарските служби кога на Мајкл му дал прејак анестетик за да заспие.