„Децата на Дедо Мраз” е претставата што ќе ја игра охридскиот театар вечерва од 19 часот на сцената во Центарот за култура “Григор Прличев”.

Таа е наменета за најмладата публика во Охрид, а главните ликови се Лажго, Глупчо и Палавко кои ќе си поигруваат со дедото со бела брада.

Режисер на претставата е Ташко Лаброски. Тој заедно со својата актерска екипа, по претставата “Пепелашка” која годинава неколкупати беше играна во Охрид, и овојпат подготви весела кореографија и содржини со едукативен карактер.

Ohridnews