Децата на Анџелина Џоли и Бред Пит изгледа решиле да тргнат по стапките на своите родители. Имено, Пакс и Захара ќе се појават во филмот “Maleficent” заедно со својата мајка и помладата сестра Вивиен, потврдил извор од студиото Дизни. Анџелина во филмот ја глуми лошата вила од „Заспаната убавица“.

Според медиумите, Пакс и Захара ќе имаат многу мали улоги без текст, додека Вивиен ќе ја игра младата принцеза Аурора. Ќерката Шајло исто така требало да се појави во филмот, но толку се досадувала на сетот, што не била расположена која редот за снимање дошол на неа.