Децата на загинатите бранители во конфликтот во 2001 г. и оваа година ќе летуваат во Охрид. Решението го потпиша министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, на денот на полицијата.

Децата на бранителите секоја година летуваат  на брегот на Охридското Езеро. Тие ќе бидат сместени во одморалиштето на МВР, а за нив се предвидени и повеќе екскурзии.

Традиционално во организацијата на одморот се вклучува и локалната самоуправа која организира еднодневно дружење во градот на децата на загинатите бранители.

ohridnews