Анџелина Џоли (35) и Бред Пит (46) одгледуваат шест деца. Иако актерката твди дека од децата не се разделува, извор близок на Анџелина вели дека тоа не е вистина.
-Поради обврските децата ги оставаат со дадилката која веќе започнале да ја викаат мама- вели извор близок на парот. Анџелина неодамна своите деца ги одведе во Јапонија на промоцијата на нејзиниот најнов филм. Биле многу послушни и на мајката не и правеле никакви проблеми. На фотографите најинтересна им била малата Шилох која е иста на нејзиниот татко.