Децата во Обединетите Арапски Емирати ќе учат да возат автомобили од својата петта година. Во посебен дел на градовите ќе им се овозможи на децата и младите да возат вистински автомобили на вистински патишта.
Децата од 5 до 12 години ќе возат автомобили на батерии кои развиваат брзина до 15 км на час. Младите од 13 до 17 години ќе возат автомобили на бензин, но брзината ќе им биде ограничена до 20 км на час. Од локалната полиција изјавиле дека младите сакаат од најрана возраст да учат да возат за подобро да ги совладаат правилата на сообраќајот.