Здружението на Децата Бегалци од Егејска Македонија од Мелбурн, Австралија, упати писмо до Претседателот на Република Македонија, премиерот, Собранието, Владата на Република Македонија, Европскиот Совет за човекови права, Организацијата за Европска Безбедност, Хелсиншкиот Комитет за човекови Права, и до амбасадите на САД, Руската Федерација и на Франција, во кое бара во процесот на преговорите помеѓу Македонија и Грција да бидат вклучени и барањата на децата бегалци. Здружението на 21 мај усвоило Резолуција со која се бара заштита на националните интереси на Македија и прекин на преговорите за името:

1.    Упатуваме силна подршка на  барањата за  граѓаните и имотните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот – Беломорскиот дел на Македонија на човековите граѓанските права на Македонците во цела Грција.

2.    Здружението на Децата Бегалци од Егејска Македонија – бара безусловен прекин на разговорите за разлика на името на Македонија со Атина и воспоставување на Државното име – Македонија во Обединетите нации и сите Меѓународни нации и Меѓународни организации, со можност за употреба на уставната референција”Република Македонја” и Македонски јазик – “The Republic of Macedonia” со меѓународниот код МК -МКД.

3.    Никој во името на Македонија нема легитимитет или мандат да склучува било каков да е меѓународен договор кој што е во спротивност со фундаменталните национални и државни интереси.

4.    Бараме Република Грција да не го користи спорот со Република Македонија во врска со името на оваа држава за и понатаму да им ги оспорува загарантираните права на сегашните граѓани на Грција од македонското потекло и на оние Македонци кои порано биле граѓани на Грција а сега се распрснати по светот и воопшто на граѓаните кои се декларираат дека се од македонска национална припадност.

5.    Бараме наместо бесмислените преговори за името на Македонската држава да  почнат вистински преговори за правата на Македонските граѓани во Република Грција, поранешни и сегашни.

6.    Да се направи промена на одлуката од 29-12-1982 година, за репатријацијата на политичките бегалци – со што ке се овозможи безусловно враќање на Грчкото државјанство на сите лица кои имале грчко државјанство, се родени во Грција – вкључувајки ги и лицата по потекло Македонци.

7.    Да се промени законот за денационализација на имотите на политичките бегалци на кои им биле конфискувани и
национализирани со што на бегалците ќе им се вратат одземените имоти.

8.    Да се укине законот за водење политички Досиеја.

а)    Да се укине законот демакедонизација  и за асимилација на македонците во Егејска Македонија,

б)    Да се овозможи обновување на уништените македонски населби во Егејскиот дел на Македонија.

9.    Да им се обезбедат и овозможи  враќање на Македонските семејства во Република Грција.

10.  Да се обезбедат услови за слободно изразување на чуствата   за национална – верска и политичка припадност.

11.  Да се создадат услови за културно социјална и економска комуникација – да се реши визниот- пасошниот режим.

12.  Да се обезбедат услови за изучување на Македонскиот јазик- отварање цркви, културни домови, радио станици.

Здружението на децата бегалци,  понатаму во писмото, упатува молба до Владата на Република Македонија да се откажете од било какви отстапки на штета на македоснкиот идентитет и да не подлегнува на грчките притисоци. Истовремено здружението бара негови преставници да бидат активно вкучени во процесот во преговорите со Грција.
 

Ohridnews