Келнерите во ресторан во Кина, на деца по грешка им дале две шишиња минерална вода во кои имало алкохол. Таткото брзо забележал дека со децата нешто не е во ред.
„Забележав дека се однесуваат чудно. Им се вртеше и беа дезориентирани и мирисаа на алкохол“ – рекол таткото.
Келнерите од масите го собирале алкохолот и го турале во шишиња од минерална вода. За да се извинат од ресторанот им понудиле попуст, но фамилијата ја одбиле таа понуда и најавила дека ќе ги тужат несериозните ресторатери.