Мајка од Хонг Конг е уапсена во саботата откако незиниот шест годишен син и осум годишна ќерка се обиделе да се спуштата по олукот од нивниот стан на 34-ти спрат.

Шокираните станари ги виделе децата како се спуштаат од високата зграда откако нивната мајка која спиела ги заклучила.


Соседите на 28 спрат девојчето го внесле внатре, додека момчето било три спрата пониско кога исто така го спасиле полицајците.

Децата само со неколку гребаници биле префрлени во болница во квартот Тин Шуи Ваи, познат по голема стапка на криминал и социјални проблеми.

Мајката, која полицијата ја уапсила, признала дека спиела, и е обвинета за занемарување на децата.