Група деца пронашле 43,000 евра во напуштена зграда во грчкиот град Јанина, кои биле скриени од страна на 83 годишна жена надевајќи се дека така ќе ги “спаси” од економската криза.
Парите биле сокриени во торба, која децата случајно ја пронашле, а полицијата била повикана откако жителите на околните згради забележале како децата си играат со големи суми на пари кои ги кинат и фрлаат по улицата.
Откако сопственичката била пронајдена парите и биле вратени, а таа додала дека веќе и не се сеќава колку пари сокрила во торбата.