Три австралиски деца се хоспитализирани откако голтнале таблети екстази на школското игралиште, мислејќи дека се бомбони со вкус на јагода, известила тамошната полиција.

Единаесетгодишно девојче и две десетгодишни момчиња почнале да чувствуваат мачнини, вртоглавица и биле дезориентирани откако за време на големиот одмор ги проголтале таблетите.

Децата побарале помош од школскиот персонал и веднаш биле пренесени во најблиската болница. Основото училиште каде се случил инцидентот е на 80 километри јужно од Сиднеј.

„Според информациите кои ги добивме од учениците, за таблетите мислеле дека се бомбони со вкус на јагода“ рекол полицискиот инспектор Боб Нобл. Се претпоставува дека „бомбоните“ во училиштето ги донело девојчето и ги поделило со момчињата.

Полицијата ги испитува родителите за да утврди како децата дошле до дрогата.

Ј.М.