Чешката полиција откри до сега најмлада „банда“  фалсификатори на пари-група тинејџери основци кои своите многу успешни фалсификати ги трошеле за бомбони.

Водачот на „организираната група“ 14-годишник, успеал на домашниот компјутер да направи фалсификати со одличен квалитет со кои ,заедно со другарите, успеал да измами неколку трговци во во местото Клатови во Чешка. „Бандата“ лажните круни ги трошела на лимонади, бомбони, чоколади и други слатки типични за деца на нивна возраст.

Фалсификаторите ги открил сопственикот на една продавница на кого му било сомнително што круните, иако на оригинална хартија и со совршени бои, немале некои од заштитните елементи. Децата завршиле во рацете на полицијата, но единствена казна ќе им биде што ќе јадат помалку бомбони, бидејќи се премлади за да бидат изведени пред суд., каде за возрасни за вакво кривично дело е предвидена казна затвор од 10 години.  

Ј.М.