Хирурзите кои опериирале едно младо момче во Велика Британија по една тешка сообраќајна несреќа, пронашле детелина со четири листа залепена на неговиот грб. Рејмонд кари доживеал тешка несреќа, превртувајќи се со автомобилот и удирајќи во дрвена ограда. Четири часа по несреќата момчето било оперирано. Во неговото тело имало кол од оградата, кој за чудо не повредил ниту еден од неговите витални органи.


На големо изненадување лекарите открила и детелина со четири листа која била залепена на неговиот грб. Момчето успешно се опоравува, а во неговата соба се наоѓа и детелината, за која сите веруваат дека му донела среќа и му го спасила животот.