Хит претставата „Детектор за лаги“ на охридскиот Народен театар во четврток на 2-ри април ќе гостува во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, во рамките на манифестацијата „Велес град на културата 2015“.
Неколку дена подоцна, односно на 9-ти април, оваа претстава ќе биде изведена и на сцената на Македонскиот Народен Театар во Скопје.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
Претставата е приказна за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. Но тогаш се откриваат тајните и лагите со кои сопружниците живееле со години и почнува голема театарска комедија….
OhridNews