Еден приглуп германски детектив ограбил банка без маска со полицискиот пиштол. Побегнал со патролното возило. Хеликоптерот со надзорни камери ја одвел полицијата право до куќата на Јурген Рихтер откако ја ограбил банката.


Сега него го чека судење за вооружен грабеж. Рекол дека имал тешки финансиски проблеми и дека сакал да ги реши набрзина. Полицискиот портпарол изјавил дека тој требало најдобро да знае дека криминалот не се исплаќа.