Дете старо 14 години ја шокирало германската јавност возејќи по автопат автомобил ферари кој го украл од својот татко. Германското семејство тргнало на пат за Шпанија, со намера да го испробаат новиот автомобил кој го купиле минатата седмица во Берлин за 200 илјади евра. Сообраќајната полиција во близина на гратчето Хоф на југот од Германија го сопрело возилото поради контрола, а родителите излегле да разговараат со полицијата.


Додека родителите во бараката разговарале со полицијата покажувајќи им ги документите за луксузниот автомобил, момчето го запалило автомобилот и заминало. Родителите и полицајците биле шокирани кога излегле, бидејќи од автомобилот и момчето немало ниту трага, а во прв момент помислиле дека станува збор за кражба и киднапирање. На сите им олеснало кога момчето застанало кај некој салон за автомобили, од каде ги повикале полицијата и родителите.