Осмогодишник во Корли (Велика Британија) одлучило да го искористи невниманието на возачот на камионот за ѓубре, кој ги оставил клучевите во возилото, и се повозил низ градот. Набрзо по тргнувањето, детето со големиот камион предизвикало сообраќаен хаос во градот.


Го воочиле граѓаните, а полицијата веднаш по јавувањата го запрела. Затоа што е премлад за да го казни, завршил само со накодошување на родителите. Полицијата изјавила дека дете во тие години би требало да си игра со камиони играчки, а не да вози вистински камион низ градот.