Едно 11-годишно момче од американската сојузна држава Ајдахо убил мечка која не сакала да си оди од неговиот двор. Според локалните медиуми детето било дома со пмладите сестри кога ја здогледало мечката. Се обидело да ја избрка со викање, но не успеало. Потоа го зело пиштолот на татко си и со повеќе истрели го усмртило животното.


Подоцна се дознало дека станува збор за мечка која цел месец ги тероризирала жителите на границата со Вајоминг и која ловците повеќе пати се обиделе да ја убијат. Управата за лов и риболов на државата Ајдахо му дозволила на момчето да ја задржи мечката како трофеј, иако е вообичаено убиените животни да се продаваат на аукција.