Герет Гарднер бил шокиран од персоналот на еден ресторан во Глочестер, Англија. Неговиот син нарачал детско мени кое чини двојно помалку од она за возасни. На касата им пресметале дека Бен(10) јадел мени за возрасни.
За да докаже дека треба да плати повеќе келнерот уште пред плаќањето го измерил детето и на таткото му рекол дека момчето е високо колку секој возрасен човек. Бен бил 9 сантиметри повисок од пропишаната висина за детско мени. Управата на ресторанот инсистирала да платат цена за возрасни бидејќи јасно било истакнато дека го промениле правилото за висината при плаќањето на детското мени.