Мајкл Детлаф е 12 годишно момче кое при посетата на националниот парк “Crater of Diamonds” во Аркансас,САД успеало да пронајде дијамант вреден над $12.000 долари.
На посетителите на овој парк им е дозволено да копаат и да бараат дијаманти на кое и да е место, а единствениот трошок се $4 долари кои се плаќаат за влез. За прв пат во овој парк биле откриени дијаманти во 1972 година, а отогаш тој е вистинска атракција за локолните жители.
Мајкл овој парк за прв пат го посетил на 31 Јули оваа година, а 5.16 каратниот дијамант го открил по само 10 минути од неговото пристигнување. Полисата на паркот е “се што ќе најдете закопано во земјата станува ваше”, па така ова младо момче стана сопственик на вреден дијамант.