Четиригодишното дете од Велика Британија, Тоби Филд стгнало до железничката станица Марден, оддалечена 1,6 километри од неговиот дом во Кент. Храбро барал вработените да му продадат повратен билет до блискиот град, користејќи го своето стручно знаење за услугите на железницата. Побегнал од дома 15 пати за два месеци. Загрижените родители поставиле постер со неговата фотографија и молба до вработените да ги известат доколку го забележат.
Мајката изјавила дека го снемува за миг, и дека никако не може да се засити од возовите. Кога за прв пат се обидел да купи билет, вработениот во железницата повикал полиција, кои ги пронашле родителите. Откако родителите ја изналепиле железничката станица со негови постери сега е невозможно да им побегне.