Полицијата во западен Сибир покренала потера за маж кој на својот доверител му го дал своето 18-месечно дете како гаранција дека ќе го отплати долгот.

Полицијата е повикана во селото Јаснају Полјану на југ од регионот Кемерово да провери за известувањето дека во едно од селските семејства се појавило дете. Утврдено е дека семејството го добило детето како гаранција дека долгот ќе биде отплатен.


“Полицијата го пронашла доверителот и детето, но тој одбил да го предаде детето изјавувајќи дека од својот должник го добил како гаранција и одбива да го врати се додека долгот не биде отплатен“, вели портпаролката, додавајќи дека полицијата морала на сила да го одземе детето.

Детето ќе биде одведено во дом, а неговиот татко и мајка, по кои се трага, најверојатно ќе останат без родителски права.