Тасти Маинс се наоѓал на задното седиште од автомобилот заедно со својот тригодишен брат. Во еден момент го здогледал татко си, кој се онесвестил и паднал над воланот. Тогаш малиот Тастин одлучил да седне во татковиот скут и да продолжи да управува со возилото.


Детето успешно управувало со возилото при брзина од 24 км на час, се додека не го запрела полиција. Изјавил дека кога татко му се онесвестил се преплашил, но и дека морал да реагира. Бил пресреќен кога возилото запрело и лекарите успеале да го освестат неговиот татко.