Седум годишно дете од Ацхен во Германија полицијата го фатила како ја користи кредитната картичка од баба му за подигање на пари. Полицијата го открила откако тој и неговите другари во локалната продавница ја опустошиле полицата со чоколади.


Подоцна родителите на неговите другари подигнале узбуна и малиот крадец бил фатен. Портпаролот на полицијата изјавил дека дететето едвај можело да досегне до конзолата и да го отчука пинот, но видело како тоа го прави неговата баба, па само ја ископирал неа. Не знаел дека прави нешто погрешно.