Денес во 11 часот во Спортската арена “Билјанини Извори“ ќе се одржи прес конференција на која што ќе бидат откриени повеќе детали околу организацијата  на атлетскиот митинг “ОХРИД 2010“, како и агендата на промоторот на митингот Сергеј Бубка.



Исто така ќе биде познат бројот на натпреварувачи-ки на првиот атлетски митинг “ОХРИД 2010“ на 19 Мај, а ќе стане збор и за општински натпревар во атлетика, прв на новата патека на 13 Мај.

М.П.