Телото на легендарниот кошаркар Коби Брајант е идентификувано помеѓу деветте жрвти во хеликоптерската несреќа која се случи во неделата во близина на Лос Анџелес. Коби Брајант идентификуван е од отисок на прст, а пронајдени се и идентификувани телата на Џон Алтобел, Сара Честер и пилотот Ара Зобајан. Истражителите работата на идентификација на останатите пет тела кои беа жртви во несреќата.
Од преставништвото на Националниот совет за безбедно во сообраќај во САД се обратија до јавност и изнесоа некои нови детали со кои ќе може да се расветли целиот случај.
Имаме информации дека пилотот за време на летото имал „Ајпад“ уред“ и телефон кои се пронајдени на местото на несреќата. Од хеликоптерот е одземен рекордерот за снимање на трасата како и целата документација која е потреба. Остатоците од хеликоптерот се однесени на понатамошна анализа и несреќата ќе може да се реконструира. – изјави Џенифер Хоменд.
Хоменд додаде информации околу падот на хеликоптерот и пилотот Ара Зобајан. Пилотот бил искусен и работел во фирма повеќе од 10 години. Зобајан пред кобниот лет со хеликоптерот на Коби Брајант имал друг лет со хеликоптер и летал без проблеми.
Хеликоптерот во висина на падот се наоѓал на 2 130 метри, а паѓал со 400 километри на час што се смета за удар со висок интензитет. Хеликоптерот паѓал нецела минута и прво удрил на левото крило. – откри Хоменд.
Први сведоци на несреќата биле група велосипедисти кои фотографиите и видеата им ги предале на полицијата како дополнителни докази во расветлување на случајот кој го потресе целиот свет.
OhridNews
Ужасни сцени од хеликоптерот на Коби Брајант и местото на несреќата