Директорот на фудбалската А репрезентација, Петар Милошевски загина во сообраќајка несреќа која се случи на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка половина час пред полноќ.
Возилото во кое се наоѓале Милошевски, а го управувал првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓоргиовски и уште две лица се судрило со комбе пренесува МИА од полициски извори.
Поранешниот репрезентативец на Македонија, починал на лице место додека тројцата од возилото и возачот од комбето се наоѓаато во Клиничкиот центар во Скопје.
Високата делегација на ФФМ од Куманово се враќала по учество на ревијален натпревар за хуманитарни цели.
Мх.П.