Женскиот бенд „Destiny’s Child“ ќе објави нов албум и ќе го обиколи светот со промотивна турнеја, тврди таткото на Бијонсе Ноулс, Метју. Тој беше и менаџер на групата во која освен Бијонсе беа и Кели Роуланд и Мишел Вилијамс, се до распаѓањето во 2006 година. Метју за медиумите изјави дека се надева како девојките ќе се соберат за новиот албум и турнеја. Веќе работел на некои проекти поврзани со групата. Сеуште бил менаџер и се надева дека во следните две до три години тоа ќе резултира со нешто големо.
Имено, иако се разделија пред нешто помалку од десет години, членовите на групата останаа добри пријателки. неколку пати се појавуваа на најави за нивно реобединување, но врв на надежта на сите обожаватели беше кога Бијонсе, пеејќи на Суперболот во 2013 година ги покани останатите две девојки на сцената.