Фудбалерот на Ренова, Владимир Деспотовски ќе одмара во наредните два натпревари, одлучи дисциплинската комисја при ФФМ.
Деспотовски на мечот на Билјанини Извори помеѓу Ренова и Победа заработи црвен картон.
По казната на дисциплинската комисија при ФФМ, Деспотовски ќе ги пропушти натпреварите на Ренова против Вардар в недела во рамките на 15-то коло, како и првиот наптревар во 1/4 финалето од националниот куп против Работнички в среда.
Двата натпревари Ренова како домаќин ќе ги одигра на “Билјанини Извори“ во Охрид