И тој вели дека се надева оти ќе добие шанса и дека ќе биде еден од двајцата играчи што ќе го освежат тимот, како што најави Јонуз.
– Секој репрезентативец се надева да игра, па така и јас се надевам да дебитирам на мечот со Норвешка. Шансата ќе ја оправдам и ќе го дадам максимумот – вели поранешниот играч на Цементарница, ОФК Београд и на Вардар.
Тој ќе остане во Ворскла уште 18 месеци, колку што му е договорот, а не крие дека има понуди и од други екипи.
– Ми трае договорот со Украинците и спремен сум да го одработам, а за понудите нека размислуваат моите менаџери – вели Деспотовски.