Охридскиот ракометен клуб комплетен ги извршува подготовките за престојната сезона во Супер лигата откако на екипата му се приклучи десното крило Малик Хогас.
Французинот поради несредените документи задоцни на стартот од подготовките кои стартуваа пред недела дена.
27-годишниот ракометар ќе биде големо засилување за охридскиот стратег Горан Андоновски за мечевите од Супер лигата.
Хогас е четвртото засилување по „балканците“ Дарко Павловиќ (десен бек), Јосип Кезиќ (лев/среден бек) и Елдин Вражалица (пикер).
Ohridnews