Дваесет и шест годишниот десен бек Луцијан Бура е најновото засилување на ГРК Охрид. Хрватскиот интернационалец во Охрид доаѓа од Унгарското првенство, каде настапуваше во екипата на “Gyöngyös”. Претходно играл и во “Добова”, “Умаг” и “Горица”.

Доаѓањето во Охрид за мене значи отворање нова страница во кариерата, изјави новото засилување на ГРК Охрид, Луцијан Бура.

Исклучително сум среќен што ќе имам можност да играм во Македонската лига која, според мое мислење, има високо ниво на квалитет, со можност за настап во европските натпреварувања. Верувам дека во ГРК Охрид ќе имам можност да ги развивам моите играчки способности, како и дека ќе постигнеме што подобри резултати како во домашното првенство, така и во Европа, додаде Бура.

OhridNews