Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп ги сумираше впечатоците од натпреварот против Швајцарија (3:3, на пенали – 4:5) во осминафиналето на ЕВРО 2020.

Секогаш е тешко да се објасни вакво нешто. Не успеавме во првото полувреме, а потоа го сторивме потребното за да ја свртиме ситуацијата во втората половина на мечот. Обично сме силни и самоуверени, но денес покажавме слабост што и дозволи на Швајцарија да се врати во игра. Тешко е и болно. Направивме сè за сето тоа да заврши поинаку. Ова е фудбал. Турнирот заврши за нас. Нема магични формули, станува збор за наоѓање рамнотежа. Во тимот постои единство и солидарност. Јас сум одговорен кога работите ќе тргнат наопаку. Јас сум со играчите и тие се со мене. Потребно ни е време да се справиме со нив, – изјави Дешамп.

Франција која е актуелен светски првак, со елиминацијата во осминафиналето, ја доживеа судбината на Португалија која сè уште е европски шампион.

OhridNews