Машката сениорска ракометна репрезентација која на последното Европско првенство во Данска го освои десеттото место од први до петти април во рамките од неделата на ЕХФ ќе биде на подготовки во Охрид.

Ракометната селекција во Охрид ќе ја започнe операцијата Светско првенство во Катар 2015 година, а пречка  на „фалангата“ во бараж средбата е јужниот сосед Грција.

– Ќе ни биде огромна чест и задоволство што десеттата ракометна велесила во Европа ќе дојде во Охрид и ќе одработи неколку дневни подготовки. Одличните комуникации со Ракометна федерација на Македонија ни овозможија во Охрид да ги донесeме најголемите спортски ѕвезди во Македонија во моментов – рече в.д. директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.

Селекторот на репрезентацијата, Ивица Обрван поради густиот распоред на екипите во Европа воопшто не закажа пријателски средби за неделата на ЕХФ.

Покрај ракометната селекција во екот на туристичка сезона во Охрид дел од подготовките ќе одработи и кошаркарската репрезентација на Македонија, која ќе одигра и три контролни натпревари.

Мх.П.