Со свечен прием што ќе го приреди  претседателот на МАНУ Цветан Грозданов вечерва започнува јубилејната десетта Охридска ПЕН конференција, на која годинава се очекува да учествуваат шеесетина писатели од околу 20 земји.

Во чест на јубилејот, во црквата Света Софија ќе биде одржано меѓународно литературно читање и ќе им бидат врачени признанија на седумтемина досегашни претседатели на Македонскиот ПЕН – Томе Момировски, Мето Јовановски, Матеја Матевски, Георги Старделов, Влада Урошевиќ, Ката Ќулавкова и Димитар Башевски.

Со овој настан Македонскиот ПЕН-центар ќе одбележи и 45 години од своето постоење.

Практиката за избор на почесни членови на Македонскиот ПЕН Центар ќе продолжи и оваа година. Како што соопшти претседателот на Македонскиот ПЕН-Центар, Ристо Лазаров, за почесни членови  оваа година се избрани двајца еминентни автори – Умберто Еко и Вацлав Хавел кои ќе ја посетат Македонија идната година.

Во рамките на Охридската ПЕН-конференција, состанок ќе одржи Комитетот за превод и јазични права на Меѓународниот ПЕН. на кој ќе се разгледува и Предлог-декларацијата за заштита на јазичните и културните права на Ароманците-Власи на Балканот.

Г.М.