СВР Охрид поднесе прекршочна пријава пријава против 10- лица за нарушениот јавен ред и мир на трибината на здружението на граѓани за Европска Македонија што требаше да се одржи на ден 19.02.2009 година во Домот на културата во Струга. Прекршочни пријави добиле лицата Ј.П. (64), М.П. (62) С.Л. (67), П.А. (64) Т.Ц. (52), П.Д. (43), Б.П. (46), Т.Н. (24), Л.П. (60) и Ѓ.Ч. (59) сите од Струга

Пријавените, односно на почетокот Ј.П. и М.П. во холот на Домот на културата, непосредно пред почетокот на трибината организирана од здружението на граѓани “За Европска македонија“ кон организаторите на трибината упатиле навредливи зборови. Притоа кон нив се придружиле и други лица (П.А., Т.Ц., П.Д., Б.П, и Т.Н.) додека пак во вербалната расправа наспроти нив се вклучиле и лицата Л.П. и Ѓ.Ч. Настанала  меѓусебна вербална расправија во која спротивставените страни си упатиле пцовки и непристојни навреди. Во таа непријатна атмосфера, организаторите ја откажале трибината и започнале со демонтирање на поставената опрема. За нејзиното одржување, тие до Полициската станица во Струга не доставиле писмено или усмено известување.

Нарушениот јавен ред и мир, организаторот, наместо истиот, го пријави наредниот ден во Полициската станица во Охрид, по што СВР Охрид презеде мерки за целосно расчистување на настанот. На разговор беа повикани вкупно 26 лица според кои, трибината не била јавно закажана, туку со доставување покани или со телефонско известување на одреден број жители на Струга. Тоа предизвикало негодување кај дел од граѓаните, соопшти СВР Охрид.

Ohridnews