Десетмесечната Хуанита Валентина Хернанде од Колумбија е тешка колку и просечно петгодишно дете, дури 20 килограми. Родена е со само 2,4 килограми, а сега е двојно птешка од врсниците на своја возраст кои имаат помеѓу осум и десет килограми. Нејзината мајка Сандра Франко вели дека не знае што би можело да биде причина за дебелината на нејзиното бебе.

 

Вели дека со само две седмици била по малку буцкаста, но бидејќи е родена навистина ситна, на тоа не обраќале внимание, се додека не сватила дека има проблем со прекумерна телесна тежина. Својата ќерка ја одвела на лечење во Богота каде тим специјалисти ќе се обидат да и помогнат. Лекарите велат дека Хуанита во изминатава година е веќе трето бебе кое тежи повеќе од 20 килограми и дека дебелината на малите деца е се поголем проблем во светот.