Противникот на охридските ракометари во последниот натпревар од првата полусезона во Супер лигата, Металург Јуниор ќе биде мошне ослабен за дуелот со охриѓани, кој е закажан з в недела.

Поради настапите на Металург во регионалната СЕХА лига хрватскиот стратег Лино Червар повлече неколку ракометари со него на гостувањето во Војводина. Тој од „втората“ екипа со него ги зеде Мартин Манасков, Пешевски, Маџовски, Талески и Костески додека одмор им даде на Наумче Мојсовски, Златко Мојсовски, Никола и Велко Маркоски, Павел Атман и Филип Миркуловски.

Тимот на Металург Јуниор без стандардните ракометари треба да биде шанса за избраниците на охридскиот тренер Горан Андоновски со позитвен резултат да ја прекинат низата од два порази во елитното ракометно друштво.

Мх.П.