Поради интервенција на водоводната мрежа денеска, четврток, во период од 08:00 до 16:00 ч. прекин во снабдувањето со вода ќе има на повеќе улици во градот.

Како што информираат од МЈП „Проаква“, без вода денеска до 16 часот ќе останат улиците: „Македонски Просветители“ од потегот „Даме Груев“ до поштата, „Димитар Влахов“, „Цар Самоил“, „Коста Абраш“, „Ванчо Николески“, „Кузман Јосифоски – Питу“, „Серафим Китаноски“, „Старашо Пинџур“, „Војдан Чернодрински“, „Мите Богоески“, „Климент Охридски“, „Методи Патчев“, “Петар Чауле“ и дел од „Климентска“.

Ohridnews