-Ваквата фактичка состојба, според моето мислење, е крајно неприфатлива, со оглед на фактот што се работи за месност која е во непосредна близина на значајни споменици од културното,, природното и историското наследство на Охрид, вели советникот Тунтев. Тој посочува дека овие објекти се наоѓаат во непосредна близина на плажите Потпеш и Канео, како и на Сараиште и Ј’но кои секојдневно во текот на летната сезона се користат како капалишта од страна на голем број граѓани и туристи и би било несериозно да се дозволи ширење на евентуални заразни болести помеѓу гостите.
Тунтев не информираше дека стапил во контакт со надлежните од Проаква од каде добил уверување дека проблемот ќе биде саниран во најкус можен рок, а екипи на јавното претпријатие веќе биле на терен за да ја согледаат состојбата.