Американецот Мајкл Дашер од Роклеџ на Флорида кој има само 10 години, мислел дека на јадицата се закачила некоја голема риба, но набрзо видел дека станува збор за алигатор. Алигаторот излегол од водата и го удрил со опашката по главата. Двајца пријатели кои биле со него побегнале, но Мајкл не постапил како нив. Го извлекол алигаторот на копно и се фрлил врз него.


Успеал да го совлада, устата му ја залепил со леплива трака и го одвлекол во својата куќа, 800 метри подалеку. Подоцна во неговиот дом пристигнале и луѓето од одборот за заштита на рибите и дивите животни. Портпаролот на здружението изјавил дека животното било долго околу 1,5 метри. Иако ловот на диви животни на Флорида се казнува со казна до 500 долари и 60 дена затвор, Мајкл поминал само со предупредување.