Десетгодишно дете од германскиот град Касел има среќа што останало живо откако пред куќата си играло со својата нова „играчка“. Се испоставило дека таа играчка била високо-експлозивна направа заостаната од Втората Светска Војна.
Бомбата била долга 25 цм и широка 7,5 цм. Наместо напуштено кученце, детето на родителите гордо им покажало што нашло во полето зад куќата, а таткото веднаш ја известил полицијата.