Тајлен Лена-Роуз Блонду има лице како Брижит Бардо, долга светла смеѓа коса и сини очи, па не ни чудо што нејзините фотографии се нашле во неколку списанија. Чудно е тоа што Тајлен има само десет години и што позира во фустани со деколте и високи потпетици.


Како еден од најмладите модели, таа веќе се појавила на насловната на списанието “Vogue enfants” и на страниците на неколку други списанија. Неодамна биле објавени неколку провокативни фотографии на кои Тајлен наместо на дете личи на возрасна жена, што наишло на остра осуда кај јавноста.