Авион од типот Ан-28 се урна утрово во северниот дел на Камчатка, на рускиот далечен исток, при што загинаа десет лица, и четворица се тешко повредени, соопштија од локалната канцеларија на руското Министерство за вонредни состојби, пренесува „Макфакс“.

Авионот што летал од Петропавловск Камчатскиј до Палана се урна на десет километри пред крајната дестинација. Во авионот имало вкупно 12 патници, меѓу кои и едно дете и двајца членови на екипажот.

Авионот Антонов Ан-28 е лесен двомоторец наменет за превоз на патници.

Руските власти, поради неколкуте авионски несреќи во последните години, одлучија да ги исфрли од употреба најстарите авиони од советско производство и да спроведат инспекција во бројните авиокомпании во земјата.

OhridNews