На настанот во Сараево, учесниците имаа прилика подобро да се запознаат со партнерите во проектите, овогодишната тема и со градот домаќин, а организираната тура низ Сараево беше прилика да се научи повеѓе за историјата и жителите на главниот град на Босна и Херцеговина. Работилниците на тема волонтеризам и управување со проектите, кои ги држеа експерти од цела Европа, им помогнаа на учесниците да ги спроведат во иднина своите билатерални и трилатерални школски проекти. Забавата која следуваше после вечерата бече прилика да се прослават новостекнатите пријателства и претставува официјален почеток на спроведувањето на новите училишни проекти.
Вкупно 299 училишта предадоа предлози на проекти, додека меѓународното жири избра 45 најдобри партнерски проекти кои ќе добијат финансиски средства од ACES. Избрани се 103 училишта, на кои во текот на траењето на проектот ќе им биде пружена поддршка и ќе бидат организирани меѓународни состаноци, како состанокот во Сараево. Првиот состанок на ACES со кој е најавен почетокот на проектот беше прилика тимовите од проектите да се сретнат и да се запознаат.
ACES мрежата за прекугранични училишни партнерства во 2006 година ја иницираше ERSTE Фондацијата, во соработка со организациите Интеркултурален центар од Австрија и Вчели дом од Словачка, а поддршка дадоа министерствата за образование на сите 15 земји учеснички. Целта на ACES е да се овозможи и унапреди интеркултурален дијалог и соработка на младите луѓе со цел да се создаде една трајна мрежа преку која би се разменувале знаења, учење и иновации.