Англискиот весник “Дејли Мирор” го најави Горан Пандев како одговор на молитвите на навивачите на Тотенхем. “Дејли Мирор” го претстави Пандев пред англиската јавност преку десет факти што треба да се знаат за најдобриот македонски фудбалер.
1. Роден во Струмица, источна Македонија во јули 1983, првите фудбалски чекори ги направи во својот локален клуб Беласица, која, исто така, ги даде репрезентативците Роберт и Горан Попов.
2. Кога имаше само 18 години, Пандев беше донесен во Интер, но потоа беше испраќан во Специја и Анкона, пред да премине во Лацио во јануари 2004, како дел од трансферот на Дејан Станковиќ во Интер.
3. По Дарко Панчев, Пандев е вториот Македонец што заиграл во Серија А. Сезоната 2004/05 ја почна добро, постигнувајќи го победоносниот гол за Лацио против Месина во второто коло.
4. Истата сезона постигна гол против Јувентус во стилот на Роберто Баџо, поигрувајќи се со Фабио Канаваро, Лилијан Турам и Џанлука Ѕамброта, пред да го совлада Џиџи Буфон.
5. Вкупно, имаше 29 настапи во првата сезона во Лацио, постигнувајќи три гола. Следната сезона, новиот тренер Делио Роси го спои со Томазо Роки во нападот и тие се покажаа како импресивно дуо.
6. Во 2006, Лацио ја откупи половината од договорот на Пандев што му припаѓаше на Удинезе, кој го купи од Интер за пет милиони евра. Подоцна, во сезоната 2007/08, тој го привлече внинамието на најголемите европски тимови со двата гола против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
7. На 134 настапи за Лацио досега, Пандев има постигнато 51 гол, а во јануари го постигна својот прв хет-трик во Серија А против Реџина.
8. За македонската репрезентација има постигнато 15 гола на 44 средби, само два помалку од рекордерот Ѓорѓи Христов. Последниот погодок му беше против Холандија во квалификациите за СП во октомври.
9. Во март, Пандев доби орден од претседателот Бранко Црвенковски за промоција на својата земја во странство.
10. Тој е многу заинтересиран за новите технологии и има неколку групи на “Фејсбук” и страница на “Мајспејс”, како и свој интернет сајт. Пандев секогаш го носи бројот 19 на својот дрес, а во моментов тој број не е зафатен во Тотенхем.
Ракометарите на Охрид по кратката пауза за Новогодишните и Божиќните празници синоќа ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во кој ГРК Охрид ќе ги доигра првенствените дуели и дуелите ...
Општина Охрид објави јавен повик за распределување на буџетски средства од програмата за спорт и рекреација Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетск...
Распишан Конкурсот за доделување награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2024 година Наградите и признанијата за најуспешните спорт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.