Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, денес, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога, информираат од МВР.
При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. При тоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците, велат од МВР.
По документирање на случајот, додаваат, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
OhridNews